Business Start-up Centre-Bitola (BSC-Bitola) е проект на 6 локални партнери:
Центарот е основан од SPARK преку добиениот грант од холандската Влада. BSC-Bitola им нуди на младите претприемачи на возраст до 35 години, консултации, работен простор и обезбедување на микро кредити како би им се овозможило да осниваат сопствени нови и иновативни мали и средни претпријатија. BSC-Bitola е дел од регионалната мрежа на Business Start-Up Centres и Бизнис инкубатори во Југоисточна Европа (BSC Мрежа).
Business Start-Up Centre-Bitola подржува студенти, дипломирани и млади
луѓе, (потенцијални) претприемачи да започнат или да ја подобрат
работата на сопствените или средни претпријатија во Македонија.
Business Start-Up Centre-Bitola е дел од мрежата на Бизнис центри во
Југоисточна Европа и Европската Унија. Овој Проект е финансиран од Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија
заедно во соработка со локалните партнери кои исто така имаат свои
претставници во Кординативниот тим на Центарот. Дознај повеќе за
Центарот и какво влијание би можел да има врз твојата иднина
прелистувајќи ја нашата ВЕБ страна.
|