Прочитајте ги Правилата и Условите за учество на Натпреварот за најдобар бизнис план.
Кликнете ТУКА за да ја потполнете on-line пријавата за бизнис план.
(Пријавата можете да ја отворите единствено со Internet explorer пребарувач)
Советници / консултанти
Сите заинтересирани советници/консултанти може да ја превземат оваа пријава и целосно пополнета да ја испратат на info@bscbitola.org, Повикување на: Пријава за советници БСЦ Битола.Сите пристигнати пријави ќе бидат вклучени во нашата дата база на советници/консултанти. повеќе...
Центарот
за развој на бизниси БСЦ Битола, со цел
да им излезе во пресрет на сите учесници
на Бизнис План Натпреварот 2009_1, организира
обука на тема „Презентациски вештини".
30
јуни до 02 јули 2009 година (15 - 20
часот) во просториите на Бизнис
Инкубаторот - Битола кој се наоѓа во
градчето Пејтон, МЗ Вељко Влаховиќ, ул.
Крушево бб
Ве молиме потврдете
го вашето присуство на info@bscbitola.org или на телефон 047/22 02 03, најдоцна
до понеделник 29ти јуни 2009 година. Лица
за контакт: Биљана Гинова, Јован Сталевски
Поради големиот интерес
и на ваше барање, Центарот за развој на
нови бизниси (БСЦ Битола), повторно им
излегува во пресрет на сите заинтересирани
лица кои сакаат се стекнат со основни
вештини во бизнис планирањето, организирајќи
уште една:
Бесплатна забрзана
обука за бизнис вештини
18 до 20 јуни 2009 година (15-20
часот) во просториите на Бизнис
Инкубаторот - Битола кој се наоѓа во
градчето Пејтон, МЗ Вељко Влаховиќ, ул.
Крушево бб
Меѓунарoдна манифестација:„Крагуевац - Европски претприемачки град" 7-9 мај 2009
Во рамките на меѓународната
манифестеција „Крагуевац - Европски претприемачки
град ", која беше организирана за време на 1-та Европска недела на
претприемништвото (www.ec.europa.eu), Бизнис Инкубаторот - Битола заедно со новите
компании поддржани од страна на Инкубаторот зедоа активно учество во програмите
на светското обележување на „Деновите на
претприемништвото".
Центарот за развој на бизниси БСЦ Битола заедно со Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола ја организираат петтата работилница „Програма за развој на наставниот кадар“. Целта на работилниците е учесниците да научат да фасилитираат, организираат и предаваат претприемништво во нивните соодветни полиња. Учесници на овие работилници се професори и асистенти професори од факултетите на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола.
Темата на работилницата е подучување за претприемнички компетенции.
Работилницата ќе се одржи на 15ти јуни, 2009 во Хотел Милениум Битола.