дома за нас контакт форум чпп логин
 
Најново
Ваш водич за успешен настап на саем“
Бизнис Инкубатор – Битола
14 Jули 2009, (16.00 - 18.00)
 
Мени
Настани
Обуки за бизнис вештини
Обуки за бизнис сектор
Бизнис план натпревар
Бизнис Инкубатор
Партнерски проекти
Успешни приказни
Стандарди за квалитет
БСЦ во Медиумите
S.E.N.S.I. Мрежа
Галерии
Програма
Публикации
Линкови
Жалби и забелешки
Потребни документи за изработка на бизнис план
doc Водич за изработка на бизнис план
doc Анекс 1 (задолжителен)
xls Анекс 2 (Финансиски план - табели)

Прочитајте ги doc Правилата и Условите за учество на Натпреварот за најдобар бизнис  план.

Кликнете ТУКА за да ја потполнете on-line пријавата за бизнис план.
(Пријавата можете да ја отворите единствено со Internet explorer пребарувач)
Советници / консултанти
Сите заинтересирани советници/консултанти може да ја превземат оваа пријава и целосно пополнета да ја испратат на info@bscbitola.org, Повикување на: Пријава за советници БСЦ Битола.Сите пристигнати пријави ќе бидат вклучени во нашата дата база на советници/консултанти.
повеќе...
Партнери

nova solutions


Дома arrow Успешни приказни
Успешни приказни
Столарската работилница „Сашо“ PDF Испечати Е-пошта

 Сашо Бајовски, 42 години, сопственик на Столарската работилница „Сашо“-Битола

"Јас сум Сашо Бајовски. Имам 42 години и ја работам најплеменитата работа на светот. Јас сум столар“ - гордо кажува човекот кој веќе 15 години изработува производи од дрво и иверица. „Го оплеменувам дрвото. Во мојата работилница заинтересираните можат да нарачаат секаков мебел по нивна желба и јас желбата ќе им ја исполнам. Можат да нарачаат и дрвена дограма, врати, прозорци. За квалитетот јас гарантирам.“

Прочитај повеќе...
 
„ПИКАСУ EM“ слаткара и пекара PDF Испечати Е-пошта

Марјан Милошевски, 26 год., сопственик на „Пикасу EM“ слаткара и пекара-Битола

„Никогаш во животот не мислев дека јас ќе бидам пекар. Јас не знав што е сукало, а не пак да месам леб или да направам торта. Сега сум, не само мајстор пекар и слаткар, туку и бизнисмен, сопственик на „ПИКАСУ“ слаткара и пекара“ ја започнува својата приказна 26-годишниот Марјан Милошевски од Битола, кој од пред 8 години, по завршувањето на средното земјоделско училиште, започнал да го изучува и да го усовршува слаткарско-пекарскиот занает. Маката го натерала на тоа, но не се жали. Напротив, презадоволен е.

„Во 2001 година, кога матурирав, во Битола почнаа масовно да се затвораат фабриките. Моите родители останаа на улица, без пари и јас почнав да барам работа за да си го финансирам школувањето.

Прочитај повеќе...
 
„НИНКОМ МАЛИНА“ PDF Испечати Е-пошта

Николина Ќелешовска, 23 год., диплoмиран економист - сметководство, финасии, ревизија, постдипломец на бизнис администрација МБА менаџмент

Како млад човек во Македонија може да започне сопствен бизнис и да прави пари, а при тоа да има само факултетска диплома и празна сметка. Во случајот со 23-годишната Николина, дипломиран економист, доволно е да се има јасна идеја што се сака и да се истражува - што е најпрофитабилно во дадениот момент во определеното место. „На интернет барав информации кои земјоделски производи се најбарани на пазарите во светот. Открив дека малината е дефицитарен производ кој светскиот пазар може да го прибере во неограничени количини, а во Македонија се произведуваат само на 4 хектари“ раскажува Николина.

Прочитај повеќе...
 
"IDENTIFY" PDF Испечати Е-пошта

Јасмина Мрсковска 24 год. , дипломец на Техничкиот факултет во Битола графички отсек – дизајн и мултимедија

Во работата на Јасмина најважна е креативноста. Мора да ја има во неограничени количини и мора да ја демонстрира на вистински начин. При тоа треба да знае да комуницира со луѓето кои се нејзини потенцијални бизнис клиенти. Треба да ги запознае, сослуша, да ги открие нивните желби и нив да ги преточи во готов производ – нешто по што ќе се препознаваат на пазарот. ,,Јас го креирам корпоративниот идентитет на една фирма. Или во превод – јас го изработувам логото на фирмата, името, заштитниот знак по кој таа ќе се препознава на пазарот“ кажува Јасмина. За неа е малку чудно што фирмите во Македонија во изминатиот период не посветувале многу внимание на нивниот корпоративен идентитет. ,,Сега работите се менуваат. Сега е нормално логото на една фирма да се смести на сите нејзини промотивни материјали, како меморандуми, плакати, брошури, визит-карти, пликови.

Прочитај повеќе...
 
„СЕТТЕ“ PDF Испечати Е-пошта

 Андреј Маневски, 26 години и Сотир Грамосли, 27, дипломци на Техничкиот факултет во Битола, насока индустриски менаџмент

„Ние двајца се знаеме одамна, уште од студентските денови. Двајцата дипломиравме на Техничкиот факултет во Битола на насоката индустриски менаџмент. Заедно учествувавме на повеќе натпревари за бизнис-планови и имавме освоено први места. Но овде, на натпреварот на БСЦ Битола, влеговме со идеја не само да учествуваме и да победиме, туку конечно и да започнеме со наш, сопствен бизнис“. И започнаа.

Прочитај повеќе...
 
македонски | english
Анкета
Колку експертите би Ви помогнале за подобар бизнис?
 
Апликација за влез во Инкубатор
bib.jpg
Апликација за влез во Бизнис Инкубаторот - Битола
  Превземи апликација

Бизнис план натпревар 08
Обука за деловно комуницирање
Најнови Настани
Моментално нема нови настани.
Погледнете го целиот календар
July 2010 August 2010
Mo Tu We Th Fr Sa Su
Week 26 1 2 3 4
Week 27 5 6 7 8 9 10 11
Week 28 12 13 14 15 16 17 18
Week 29 19 20 21 22 23 24 25
Week 30 26 27 28 29 30 31
Spark's ISO 9001
БСЦ Битола го организира Натпреварот за најдобар бизнис план по  SPARK ISO 9001 регистрираните стандарди.
bsi_reg_logo_spark.jpg
Моментални посетители
 
© BSC Bitola 2007
design by digimak