|
Продолжувајќи со поддршката за бизнис секторот, БСЦ Битола заедно
со Фондот за развој на човечки ресурси -
ХРДФ во соработка со ПРЕДА-Прилеп, врз основа на претходно креираната специјална програма за Напредни Бизнис Обуки наменети за: Нови и веќе постоечки претпријатија, организираше обуки за компаниите одд Прилеп.
Напредните
едномесечни обуки се креирани според однапред направената проценка на потребите
на овие бизниси, според која беа креирани и 4 вида на модули наменети за
подобрување на нивните секојдневни перформанси во работењето, и тоа:
·
- Менаџмент тренинг за сопственици и извршни директори
·
- Маркетинг и продажба
·
- Финансии за не-финансиери
·
- Менаџмент на човечки ресурси и развој
Секоја од обуките
кои се со интензивно времетраење од по два дена последователно започнаа на 05 септември, а завшија на 27 септември 2008 година.
Обуките се одржуваа во Прилеп, каде зедоа учество голем број на компании од прилепскиот регион.
|