Форумот на тема “Зошто на мојата компанија и треба ISO и HACCP стандардизација?”, се одржа на 16 Октомври 2008 год. во Хотел Милениум Битола со почеток од 10 часот и во Прилеп во Хотел Кристал Палас со почеток од 16 часот во соработка со Фондација Преда од Прилеп.
На инфо сесијата во Битола присуствуваа 40 претприемачи од битолскиот регион, а во Прилеп присуствуваа 90 претприемачи.
На Форумот со свои презентации се претставија м-р Иво Кузманов од областа на ISO 9000 стандардот, проф. Др. Зоран Ангелевски од областа на СЕ знакот, Александра Марковска (Фуд Консалтинг – Скопје) од областа на НАССР системот и Др. Божин Петревски, раководител на сектор комуникации и информации во Дирекцијата за Храна. Своите искуства од овие области ги изнесоа Александар Поп Христов, Менаџер на Интерворкс од областа на ISO стандардот и Александар Ефтинџиоски, Технички Директор на ВИГО – 48 за НАССР системот.
Форумот придонесе кон запознавање на компаниите за HACCP системот, ISO 9000 стандардот и знакот CE и за процесот на нивна имплементација и сертификација.
Сите заинтересирани советници/консултанти може да ја превземат оваа пријава и целосно пополнета да ја испратат на
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
, Повикување на: Пријава за советници БСЦ Битола. Сите пристигнати пријави ќе бидат вклучени во нашата дата база на советници/консултанти.