Следејќи ги трендовите и начините на функционирање на модерниот пазар, БСЦ Битола со цел да им помогне на своите учесници организира обука за изработка на CV, пропратно писмо и “како да бидам успешен на интервју“.
Обуката ќе се состои од 3 теми, кои ќе бидат опфатени во периодот од 3 дена, односно од 24-26 ноември 2008, од 14:30-19:00 часот. Обуките ќе се одржуваат на Технички факултет-Битола.
Учесниците на обуката ќе имаат можност да присуствуваат на Настан за вмрежување помеѓу бизнис секторот и учесниците на обуката.
Пријавување во БСЦ Битола или на маил:
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
Цел на обуката:
- Учесниците да се стекнат
со потребните знаења за улогата и значењето на менаџментот на човечки ресурси
- Учесниците да се стекнат
со потребните знаења и вештини за подготовка на квалитетно сопствено CV (биографија за вработување)
- Учесниците да се стекнат
со потребните знаења и вештини за подготовка на
предизвикувачко пропратно писмо ( писмо за намери, мотивационо писмо,
писмо за интерес)
- Учесниците да се стекнат
со потребните знаења и вештини за подготовка за учество на интервју за
вработување, за комуницирање и однесување за време на интервјуто, за оставање
на добар впечаток
Начин на реализација на обуката:
Работилницата ќе се реализира во обем од 15 часа (3 дена по 5 часа) со користење на современи, интерактивни методи на работа, на
практичен начин и со активно вклучување на учесниците.
Предвидени се и 10 часа или два дена за консултации на учесниците, како
подршка за подготвување на свое CV и пропратно писмо
Сите заинтересирани советници/консултанти може да ја превземат оваа пријава и целосно пополнета да ја испратат на
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
, Повикување на: Пријава за советници БСЦ Битола. Сите пристигнати пријави ќе бидат вклучени во нашата дата база на советници/консултанти.