Прочитајте ги Правилата и Условите за учество на Натпреварот за најдобар бизнис план.
Кликнете ТУКА за да ја потполнете on-line пријавата за бизнис план.
(Пријавата можете да ја отворите единствено со Internet explorer пребарувач)
Советници / консултанти
Сите заинтересирани советници/консултанти може да ја превземат оваа пријава и целосно пополнета да ја испратат на info@bscbitola.org, Повикување на: Пријава за советници БСЦ Битола.Сите пристигнати пријави ќе бидат вклучени во нашата дата база на советници/консултанти. повеќе...
Бизнис Инкубатор Битола е
институција која го потпомага растот и развојот на малите и средни
претпријатија.
Наша основна цел е помош во растот
и развојот на почетните и малите бизниси преку обуки, семинари, консултации и
изнајмување канцеклариски простории по субвенционирани услови, со што го
поттикнуваме претприемништвото во пелагонискиот регион.
Бизнис Инкубаторот
Битола (БИБ) на своите клиенти им ги нуди следните услуги:
бесплатна регистрација на
компанија
бизнис консултации и советувања
изнајмување на опремен
канцелариски простор под субвенционирани услови
организација на семинари и
конференции
администативни услуги
сметководствени услуги
маркетинг активности
поддршка при имплементација на
стандарди (ISO, HACCP,
CE и сл.)
изработка и ревизија на бизнис и
маркетинг планови
промовирање на компаниите во
инкубаторот
вмрежување на бизнис заедницата и
претприемачите
останати дополнителни услуги
Партнерства и соработка
Бизнис Инкубаторот
Битола (БИБ) заедно со Центарот за развој на нови бизниси - Битола (БСЦ Битола)
е проект на 6 локални
партнери:
и е заеднички проект и во соработка со холандската невладина организација SPARK, преку добиениот грант од холандската Влада. БИБ и БСЦ Битола се дел и од
регионалната мрежа на бизнис центри и бизнис инкубатори во Југоисточна Европа (SENSI-Network).
Освен 6-те локални партнери, БИБ тесно соработува и со
релевантните министерства во Р. Македонија, меѓународни, национални, регионални
и локални организации и институции со исти или слични цели, и е отворен за
соработка со сите организации кои ги делат истите вредности и визии.
Изнајмување на
канцелариски простории
Клиентите, односно
корисниците на просториите и услугите на БИБ се првично најдобро рангираните
почетни бизниси од „Натпреварот за
најдобар бизнис план" кој се оддржува секоја година во рамките на Центарот за
развој на нови бизниси. Истите учесници ќе имаат приоритетна можност да ги
користат канцелариските простории, како и заедничките простории на инкубаторот
(сала за состаноци, лоби, конференциска сала, кујна, тоалети) под
субвенционирани пазарни цени во рок од 6 месеци до 1 година, предходно утврден
според потребите на самите корисници.
Канцелариските
простории се специјално наменети да одговараат на потребите на разните услужни
бизниси, и се со различка корисна површина, целосно поремени со канцелариско
биро, фиокар, полици како и системи за греење.
Заедничките
простории се наменети за заедничко како за индивидуално, така и за колективно
работење на сите корисници на инкубаторските услуги, со можност истите да бидат
употребувани и за комерцијални цели за потребите на бизнис заедницата под
предходно утврдени услови и цени.
Сите канцелариски
простории, како и зедничките простории и услуги што ги нуди Бизнис Инкубаторот
Битола ќе се понудат под комерцијални услови и цени на сите потенцијално
заинтересирани корисници од бизнис заедницата.
Бизнис консултации и
советувања
Во рамките на БИБ
компаниите-станари како и компаниите корисници на услугите имаат можност за
следедење на индивидуални и групни консултации на различни теми од областа на
претприемништвото, менаџментот, маркетингот, финасии, продажба, менаџмент на
човекови ресурси, како и други теми кои што ќе се јават како потреба во
деловното работење на самите бизниси и бизнис заедницата воопшто. За таа цел,
предвидено е и ангажирање на локални или меѓународни консултанти и експерти
специјализирани по одредени области.
Исто така,
предвидени се и т.н. „бизнис со бизнис" консултации кај кои се развива
неформалниот консалтинг и решавање на деловните потешкотии помеѓу самите
станари во инкубаторот преку меѓусебни состаноци за размена на искуства.
Во рамките на деловното
консултирање, БИБ ќе излегува во пресрет и со редовни „информативни средби"
помеѓу менаџментот на инкубаторот и клиентите - корисници на услугите, на кои
би се разговарало за идните планови и развојни акативности на инкубаторот, идни
насоки на делување, политики и цели, како и за подобрување на перформансите и
квалитетот на самите услуги што ги нуди инкубаторот.
Организирање и поддршка
на семинари и конференции
Една од
активностите во кој Бизнис Инкубаторот Битола ќе нуди е материјална и
експертска поддршка е и доменот на организирање и поддршка во организација и
учество на семинари и конференции. Овој вид на услуги се примарно наменети за
самите станари во инкубаторт и за нивна промоција и презентација, но исто така
оваа можност ќе можат да ја користат и заинтересираните компании од бизнис
секторот.
Кофинансирање на
имплементација на стандарди
БИБ уште од самиот
свој почеток развива и имплементира специјализирана програма за ко-финансирање,
односно рефундација на средства на компании кои сакаат (и извршуваат)
воведување на одредени стандарди во нивното работење. 4-годишната програма им
овозможува на сите МСП кои ги исполнуваат минимално пропишаните услови да
аплицираат за кофинансирање на ISO, HACCP, CE или било кои други стандарди кои би
им помогнале во подобрување на својата конкурентност на пазарот и со кои би ги
подобриле бизнис перформансите.
Деловни услуги
Во рамките на
своите можности и капацитети, Бизнис Инкубаторот ќе нуди и разни деловни
услуги: преводи, набавка на канцелариски материјали, администартивни задачи,
изнајмување на постории и опрема, пристап до дата-бази, со што на самите
клиенти би им овозможиле навремени и ефикасни
услуги на едно место.
Промоција на станарите
Станарите-корисници
на услугите на инкубаторот, покрај самостојната промоција, ќе добиваат и
промоција на нивните компании, производи и услуги од страна на инкубаторот како
деловен субјект, во и надвор од деловните просториите на инкубаторот.
Промотивните активности ќе вклучуваат: промоција во рамките на самиот Инкубатор,
промоција на веб-страната на инкубаторот, преку печатени материјали (флаери,
банери, памфлети, брошури, изработка на прес материјали), како и формална и
неформална промоција на разни свечености, семинари, конференции, обуки и други
активности на кои ќе учествува инкубаторот.
Анализи на пазарот
Според потребите на
компаниите, БИБ ќе нуди и специјализирана услуга за анализи на пазарот. Овој
вид на услуга ќе биде стриктно индивидуализирана според специфичните потреби и
обемот на нарачаната анализа.
Изработка и ревизија на
бизнис планови
Во рамките на
програмата за „Натпреварот за најдобар бизнис план" како и во посебната
програма за поддршка на МСП, инкубаторот ќе овозможува и стручна и
специјализирана поддршка во изработката на бизнис планови како и подобрување на
веќе постоечките. Во таа насока ќе се оддршуваат и редовни консултации и обуки
во Бизнис Инкубаторот, и во Центарт за развој на нови бизниси поодделно.
Подготвување и
објавување на стручни материјали и публикации
Една од
активностите кои ќе бидат наменети за поширокиот аудиториум на бизнис
заедницата на регионално, па и на национално ниво, меѓу останатото е и
подготовката и поддршката при објавување на стручни материјали и научни
публикации. Овиј вид на поддршка е наменет за сите компании кои имаат потреба
од стручна литература во дадена област, или специјализирана литература во
рамките на пректичното деловно работење.
Во тек е
финализирање на првото издание на „Прирачник за изработка на Бизнис План - за
почетни бизниси", кое е наменето за сите оние, кои се решаваат да отпочнат
сопствен бизнис. Прирачникот опфаќа теми од областа на претприемништвото,
мотивацијата за отпочнување сопствен бизнис, изработка на бизнис план, можности
за финансирање и други теми поврзани со отпочнувањето на сопствен бизнис.
Креирање на „Клуб на
претприемачи"
"Клубот на
претприемачи" ќе биде еден целосно нов концепт на меѓусебно вмрежување на
младите и амбициозни претприемачи и нивните бизниси во еден клуб кој ќе
овозможува остварување на контакти, размена на искуства, како и отворање на
нови бизнис можности кај младите претприемачи.
Изготвување на месечен
билтен
За сите планирани
активности на БИБ се предвидува изготвување на електронски месечен билтен кој е
планирано да биде проследуван до сите корисници на услугите на инкубаторот,
партнерите, основачите и секако на сите потенцијани институции и организации
заинтересирани на активностите на инкубаторот.
Креирање на бизнис
едношалтерски систем
Бизнис Едношаклтерскиот
Систем е идеен проект на инкубаторот, подготвуван во соработка со Општина
Битола, според кој сите релевантни информации како и барања за дозволи, помош
при регистрација на фирми, правни совети и други релевантни теми од областа на
бизнисот би биле овозможени на едно место - во Бизнис Едношалтерскиот Систем.
Овој систем би бил надоградба на веќе постоечкиот едношалтерски систем на
локално ниво, со што сите постоечки услуги и новокреираните услуги што би биле
поддржани од БИБ би биле опфатени во рамките на просториите на инкубаторот. На
овој начин постои можност од еден вид на „олеснување" на локалната
администрација од овој вид на услуги кои на овој начин би добиле на ефикасност
и ефективност.