Центарот за развој на бизниси, БСЦ Битола ќе ти помогне да отвориш НОВ, или да го развиеш твојот ПОСТОЕЧКИ БИЗНИС!!! Се што трeбa дa нaпрaвиш e да приjавиш своја Бизнис ИДЕЈА или ПОСТОЕЧКИОТ бизнис, а потоа да поднесеш БИЗНИС ПЛАН! Посетувај ги и нашите обуки на различни теми и ќе можеш да го напишеш и развиеш БИЗНИС ПЛАНОТ. За најдобрите бизнис планови следува можност за РЕГИСТАЦИЈА на компанијата, поволни услови за користење на ПРОСТОР во Бизнис Инкубаторот, МИКРО КРЕДИТ и СОВЕТИ за добро работење . Започни со обуки “САМ СВОЈ ГАЗДА“ и откриј...
- Дали си сам свој газда (претприемач)? - Како да станеш добар менаџер? - Како да муабетиш “бизнисменски“? - Што прави комшијата- конкурент? - Како да заработам многу пари? (финансии) - Фати се за работа и напиши што сакаш да направиш (БИЗНИС ПЛАН)!!! Со успешното завршување на обуките се стекнуваш со сертификат. Учествувај во Натпреварот за најдобар бизнис ПЛАН Чекор 1: Пријави бизнис ИДЕЈА
Пополни пријава: - преку нашата веб-страна, испрати ја електронски на: info@bscbitola.org или - на промотивните места, или - достави ја лично во нашите простории БСЦ Битола, Бизнис Инкубатор, Крушево бб, Битола Чекор 2: Поднеси Бизнис ПЛАНБизнис планот може да го поднесеш поединечно или во група (максимум 5 членови) на следниот начин: - електронски на: info@bscbitola.org, - on line, дирекно преку нашата веб-страна www.bscbitola.org или - лично во нашите простории БСЦ Битола, Бизнис Инкубатор, Крушево бб, Битола Добиј ги наградите преку БСЦ Бизнис Инкубатор Што е Бизнис Инкубатор? Центар кој ќе ти помага во одржливоста на твојата компанија кога ти е најтешко – на самиот почеток! - регистрација на компанијата -добивање простор за работа со најмали трошоци -микро кредитирање -поддршка со совети, информации, средби и искуства -кофинансирање на ISO, HACCP и други стандарди И секако, место за дружење!!! Бизнис плановите ќе бидат разгледани и оценети според следните критериуми: 1. Лични/тимски квалитети и претприемничко искуство - (30%)• Лична мотивација за започнување на бизнис • Претприемнички квалитети и улогата во бизнисот • Покажано познавање на производот и искуство во секторот на делување
2. Потенцијален пазар на бизнис концептот - (30%)• Изводливост на бизнис концептот • Анализа на пазарот и потенцијал; Дали има потреба на локалниотпазар за прозиводот/услугата? Дали учесникот е убедлив во тврдењатадека потрошувачите ќе го купуваат производот/услугата? • Конкурентност на производот/услугата • Дали се идентификувани потенцијалните потрошувачи?
3. Профит и финансиска одржливост - (30%)• Дали финансискиот и инвестицискиот план се реални? • Дали овој бизнис концепт може да привлече доволно инвестиции за овој план?
4. Поддршка на локалната економија - (10%)• Придонеспри креирањето на работни места, искуства и вештини; Дали бизнисот ќеги подобри искуствата и вештините на вработените или потрошувачите? • Дали бизнисот ќе создаде нови работни места (директно или индиректно)? • Иновативност и можност за проширување на бизнисот |