|
Прогласени најдобрите бизнис планови за 2007 |
|
|
|
(Кликнете тука за да ги погледнете најдобрите бизнис планови)
На 05.03.2008 година (среда) во големата сала на хотелот “Епинал“-Битола на свечена церемонија во организација на Business Start-Up Centre Bitola, беа прогласени победниците на Натпеварот за најдобар бизнис план 2007.
На церемонијата присуствуваа Градоначалникот на Општина Битола, г-дин Владимир Талески, амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија, нејзината екселенција г-ѓа Симоне Филипини, Директорот на СПАРК г-дин Јаник Ду Понт, Деканот на Технички факултет-Битола, г-ѓа Весна Микаровска, Претседателот на Управниот одбор на Регионалниот центар за поддршка на
претприемништвото, г-дин Драган Дамјановски, претставник на Универзитетот “Св.Климент Охридски“-Битола, г-ѓа Наташа Поповски, претставник на Регионалнта стопанска комора г-дин Никола Димковски.
Покрај преставниците на партнерите на овој проект, други гости на церемонијата беа обучувачи, консултанти, членови на жирито за оценка на бизнис плановите и соработници на БСЦ Битола кои активно придонесоа кон успешната реализација на натпреварот.
Градоначалникот на Општина Битола г-дин Владимир Талески заедно со амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија, нејзината екселенција г-ѓа Симоне Филипини им ги доделија наградите на најдобрите бизнис планови.

Исто така на оваа церемонија како благодарност за досегашната успешна соработка и поддршка во рамките на проектот, Директорот на БСЦ Битола, г-ѓа Розита Талевска-Христовска им додели Благодарници на сите партнери на проектот.

5 најдобро пласирани учесници се стекнаа со можност за бесплатно користење на просториите во бизнис инкубаторот на БСЦ Битола.
10 најдобро пласирани учесници на Натпреварот за бизнис план 2007 се стекнаа со можност за микро-кредитирање до 10.000 €.
|