
БСЦ Битола организира IT Outsourcing настан кој ќе се одржи на 9 април (среда) во просториите на Технички факултет Битола со почеток во 12 часот. Сите заинтересирани се добредојдени.
Гостин на настанот ќе биде господинот Сандер Јансен, експерт за outsourcing на компанијата ClockWork од Холандија.
ПРИЈАВИ СЕ ДО 30 АПРИЛ,
за пријавување КЛИКНЕТЕ ТУКА... и испратете ја Вашата Пријава на
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
или испечатената копија доставете ја во канцеларијата на БСЦ Битола.
Што треба да знаете за outsourcing?
Што е outsourcing
Outsourcing е активност во која едно претпријатие или поединец обезбедува
услуги за друго претпријатие, кои услуги тоа вообичаено ги извршувало со
сопствени ресурси. Outsourcing-от е тренд кој најповеќе е раширен кај
информационата технологија, но се повеќе станува актуелен и кај другите
индустрии. Outsourcing-от може да се однесува на големи договори во кои едни
компании би можеле да се грижат за управување со одредени ресурси на други големи
компании, но и на мали договори вклучувајки и ангажирање на поединци за работа
на проекти.
Outsourcing-от е нов резултат на глобализацијата - и еден од најголемите
трендови кои ја менуваат светската економија. Според предвидувањата на John
C. McCarthy, аналитичар во Forrester Research Inc. најмалку 3,3 милиони
интелектуални работни места и плати во вредност од 136 милијарди УСД ќе се
преселат до 2015 година од САД во земјите во развој. Западна европа исто така
му се приклучува на овој тренд. Движечки сили се дигитализацијата и Интернет.
Со outsourcing-от се овозможува вработување на високо образовани кадри кои
имаат познавања на странски јазици, работа на компјутер и современи технологии,
со што се допринесува за развој на локалната економија (многу повеќе од
мануелната работа на лон) и намалување на одливот на мозоци.
Outsourcing-от во Македонија
Овие глобални трендови, иако
се повеќе се’ присутни во Македонија, нивото на привлекување на outsourcing договори е далеку од можностите на нашата
држава и далеку од нивото кое
е присутно во повеќето источно и централно европски земјисе поранешни членки на
источниот блок. Постојат повеќе примери за привлекување на outsourced проекти
во ИТ секторот за работа на програмери, но главна тенденција сеуште е
иселувањето во западните земји. Затоа е инициран овој проект, кој треба да придонесе
да се создаде клима за самовработување на младите образовани кадри во сферата
на outsourcing-от
Цели на проектот
Цел на проектот е да го промовира самовработувањето преку создавање на
клима кај студентите и невработените за претприемништво на
меѓународниот пазар за outsourced дејности.
Конкретни цели на проектот се: (1) да се намали невработеноста кај младите и
(2) да се намали одливот на мозоци, преку промовирање на една од водечките
можности за атрактивно вработување на млади образовани кадри во земјите во
развој: процесот на миграција на вработувањата (jobs outsourcing) од западните
индустриализирани земји.
Невработените инженери ќе бидат обучени како да пристапат и претприемаат на
меѓународниот пазар за outsourced дејности. Покрај тоа учесниците ќе имаат
практични вежби за наоѓање и договарње на outsourced работа преку Интернет.
Во рамките на овој проект студентите,
навработените и сите други заинтересирани ќе бидат обучени како да
пристапат и претприемаат на меѓународниот пазар за outsourced
дејности . Покрај тоа учесниците ќе имаат практични вежби за наоѓање и
договарање на outsourced работа преку Интернет. Обуките ќе започнат во
мај 2008 и ќе траат 1 месец.
|