|
Југоисточно Европската Мрежа на Центри за Развој на Бизнисот и Бизнис Инкубатори – СЕНСИ (SENSI), основана под покровителство на SPARK во Тузла (Босна и Херцеговина) на 20-ти Октомври 2006 година, претставува регионална мрежа на Центрите на Развој на Бизнисот и Бизнис Инкубаторите која брои над 20 членки од Словенија до Македонија(Низ целиот регион на Западниот Балкан).
Со здружување на методите на локалните пристапи, искуства, силните страни и знаењата низ 8-те земји (Словенија, Хрватска, Македонија, Косово, Србија,Црна Гора, Босна и Херцеговина и Кралството на Холандија), членките на СЕНСИ мрежата се стремат кон подобрување на нивната поддршка и бизнис услугите кон младите претприемачи и оние кои започнуваат бизнис.
Во соработка со универзитетите од Југоисточна Европа, локалните владини институции и локалната бизнис заедница, СЕНСИ го засилува претприемачкиот капацитет на Југоисточна Европа.
Бројот на членови во мрежата е во постојан пораст, па затоа ги покануваме сите Центри за Развој на Бизнисот и Бизнис Инкубатори да ни се придружат во нашата регионална мрежа.
За повеќе детали во врска со СЕНСИ мрежата, нејзините членки и контакт листите, може да ја посетите веб страната www.sensi.biz
|