БСЦ Битола со цел да ги поврзе Универзитетите со бизнис секторот во рамките на своите активности и делување организираше меѓународна конференција.

Тема на конференцијата беше "Поттикнување на претприемничкото размислување" .
Др. Златко Жоглев, Ректорот на Универзитетот “Св.Климент Охридски“-Битола беше домаќин на конференцијата.
ОВДЕ може да ја погледнете ГАЛЕРИЈАТА од Конференцијата.

Целта на конференцијата е интеграција на студиското истражување во курсеви со успешни практични искуства, преку:
1. Презентирање на резултатите од
истражувањето за студентските аспирации за претприемачка едукација кое беше спроведено на Универзитетот “Св.Климент Охридски“-Битола;
2. Градење на платформа за
размена на идеи за воведување повеќе претприемачки пристапи за наставна
програма;
3. Поврзување на празнината
помеѓу бизнис секторот и високото образование;
ТУКА можете да ја погледнете Агендата на Конференцијата.
На пленарната сесија со
своето излагања, Ректорот на Универзитетот “Св.Климент
Охридски“-Битола, проф. д-р. Златко Жоглев ја отвори оваа меѓународна
Конференција.
Во рамките на Пленарната
сесија беа презентирани искуствата од Универзитетите во Холандија,
Бугарија и приватните Универзитети во Македонија. Исто така беа
презентирани и резултатите од истражувањето кое беше спроведено помеѓу
студентите на Универзитетот “Св.Климент Охридски“-Битола и бизнис
секторот од регионот на Пелагонија поврзано со застапеноста на
претприемништвото на Универзитетот.
Во вториот дел се премина во работа во три групи и тоа:
I ГРУПА: Претприемништвото во програмите на факултетите
II ГРУПА: Наставни методологии: Претприемачки пристап
III ГРУПА: Премостување на јазот помеѓу Универзитетите и бизнис секторот

Во рамките на работните групи беа изготвени препораки и заклучоци за понатамошно делување.
Конференцијата се одржа на 2-4
јуни 2008 година во Охрид, Република Македонија. На Конференцијата
присуствуваа претставници од сите БСЦ
центри, претставници на Универзитетите во Република Македонија,
регионот, и од Европски Универзитети
(вклучувајќи студенти, професори, декани), претставници на приватниот
сектор.
|