БСЦ Битола следејќи ги модерните трендови организираше обуки за IT Outsourcing. Outsourcing-от е нов резултат на глобализацијата - и еден од најголемите
трендови кои ја менуваат светската економија.

IT Outsourcing обуките се состојат од интензивни 4 неделни обуки. Имено во првата недела учесниците се запознаа со општите работи на outsourcing - што е outsourcing, начини на outsourcing и постоечки outsourcing портали.
Втората недела беше посветена на обуки за изработка на CV/портфолио
како едни од најпривлечните и најзначајни алатки за привлекување на outsourcing проекти.

Последните две недели се премина кон практична обука.
Во рамки на практичните обуки учесниците беа обучени како да аплицираат
за outsourcing проекти. Секој од учесниците подготви свое CV/портфолио и го постави на неколку outsourcing
портали, при што преку оваа практична вежба се анализираа постоечките
проекти (запознавајќи се со алатките за успечно наддавање.
Последната недела учесниците учествуваат на реална практична вежба.
Имено овие обуки се организирани во соработка со холандската outsourcing
компанија ClockWork, при што учесниците кои претходно се поделени во
повеќе тимови ќе аплицираат во оваа компанија на проекти кои после тоа
ќе бидат оценувани од нивна страна и една од нив ќе биде прогласена за победник и ќе добие задача да го изработи соодветниот проект за погоре споменатата компанија.
|