“Дијалог помеѓу Јавниот и Приватниот сектор, Како да се стигне до европските фондови IPA и CIP“
Центарот за развој на нови бизниси Битола и ТАСМЕ (Техничка асистенција
за развој на мали и средни претпријатија – проект раководен од Европска агенција
за реконструкција) организираат Форум за мали и средни претпријатија на тема “Дијалог помеѓу Јавниот и Приватниот сектор – Како да се стигне до европските фондови IPA
и CIP”.
Со цел
приближување до важноста на темата, г-ѓа Светлана Папукчиева од Р. Бугарија, ќе
ги сподели искуствата на Р. Бугарија за јавно-приватниот дијалог во локалната
заедница за економски развој, поддржани од европските фондови.
Форумот е наменет да придонесе кон
развојот на јавното – приватно партнерство за полесен пристап до Европските
фондови. Овој форум е прв од серијата на форуми чии заклучоци и препораки ќе
послужат како платформа за продолжување на следните форуми.
|