|
Форум “Дијалог помеѓу Јавниот и Приватниот сектор“ |
|
|
|
Врз основа на донесените заклучоци и препораки од Форумот кој беше одржан на 02.07.2008 година, се одржа вториот Форум на тема “Дијалог помеѓу Јавниот и Приватниот сектор“.
На овој Форум зедоа учество претставници од Јавниот и Приватниот сектор каде се премина на конкретни актвивности. Имено, учесниците беа поделени во три работни групи и работеа на изготвување на конкретни проектни рамки кои во иднина со заедничка заложба би биле имплементирани.
Овој Форум преставува продолжение на заложбите на БСЦ Битола за зајакнување на соработката помеѓу Јавниот и Приватниот сектор, преку која би се аплицирало за добивање на средства од ЕУ фондовите.
Форумот беше одржан во хотел “Премиер“-Битола на 16.07.2008 година.
Исто така, се покануваат сите преставници на Јавни и Приватни компании кои се заинтересирани да се вклучат во овој процес. Можете слободно да го контактирате Центарот доколку Ви се потребни информации за понатамошните активности.
|