|
ПОВИК ЗА МАЛИТЕ И
СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА
Кои планираат или веќе започнале процес на воведување на систем за
управување со квалитет да конкурираат за доделување на финансиска и стручна
помош за успешна реализација на процесот. Финансиската поддршка се однесува на рефундирање на 50%
од трошоците за подготовка на сертификацијата (консултации и обука) и
издавањето на сертификатот (трошоци за спроведување на проверката за
сертификацијата) до максимален износ од 10.000 €. Рефундирањето се доделува по успешното завршување на
процесот и добивањето на сертификатот, а се однесува само на реалните трошоци
за реализација и добивање на сертификатот, не вклучувајќи ги трошоците за работна
сила и набавка на опрема.
Конкурсот е отворен за сите мали и средни претпријатија до 100 вработени во
приватна сопственост или претпријатија во кои поголемиот дел е приватен
капитал, и кои работат најмалку 2 години. Претпријатијата кои се од областа на тутунската
индустрија, производство на воена опрема и игри на среќа не може да конкурираат
за доделување на донацијата.Претпријатијата имаат целосна слобода сами да ги изберат
консултантските агенции за подготовка и сертификационото тело. Сертификационите тела мораат да
бидат регистрирани и овластени за издавање на сертификатите кои се признаени од
Европската Унија.
Канцеларијата
на БСЦ Битола има листа на консултантски агенции и сертификациони тела во
регионот и по потреба може да им помогне на заинтересираните претпријатија во
изборот на истите.
БСЦ Битола помага
при рефундирањето за воведување на следните стандарди:
- ISO 9001
- ISO 14001
- OHSAS 18001
- HACCP
- CE
Пријавата за аплицирање може да ја
превземете ТУКА и да ја доставите на
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
или истата може да се подигне од просториите на БСЦ Битола (Технички
факултет-Битола, Ул.Иво Лола Рибар бб). Конкурсот е отворен без временско ограничување, но со
ограничен број на претпријатија во согласност со буџетот на проектот. Претпријатијата ќе се бираат и
ќе се одобрува финансиската поддршка по редоследот на пријавување. Изборот за доделување на
финансиска помош ќе го врши БСЦ Битола, а
конечното одобрување го дава менаџментот на организацијата од Амстердам. Со избраните претпријатија ќе
се склучи Договор за реализација и користење на донацијата. Рокот за завршување
на акредитацијата е 18 месеци од датумот на потпишувањето на Договорот.
Контакт за
пријавување и информации:
Розита
Талевска-Христовска
БСЦ Битола
Технички факултет-Битола
Иво Лола Рибар бб, 7000, Битола
тел: 047/236-763
email:
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
www.bscbitola.org
|