| Практична реализација на бизнис планот |
|
Присуството на оваа обука е задолжително за сите индивидуи и компании кои учествуваат на Бизнис План Натпреварот 2009_1. За повеќе информации обратете се на info@bscbitola.org или на телефон 047/22 02 03, Лица за контакт: Никола Ѓорески, Јован Сталевски Во склоп на оваа обука, во текот на наредниот ден, четврток, 09 јули (од 09 до 17 часот), нашите ментори ќе бидат на Ваше располагање. Вие, како поднесители на бизнис плановите ќе имате можност за едночасовно индивидуално советување, во кое според Вашите согледувања менторите ќе можат да изготват акционен план за практична реализација на Вашиот бизнис план. Во однос на определувањето термини за индивидуалните советувања дополнително ќе Ве исконтактираме. |